Сутерен.мк

Видови храна што го зголемуваат стресот

Видот на храна што ја јадете може да придонесе за вашите чувства на анксиозност, депресија и недостаток на енергија.

Преработена храна
Треба да се избегнува храна како колачи, замрзнато тесто, разни печива и сокови од продавница бидејќи содржат разни дополнителни состојки и рафинирани шеќери, а вишокот шеќер во овој случај се претвора во гликоза, што може да предизвика замор и вознемиреност.

Индустриски растителни масла
Природните масла се генерално здрави, но значително обработените масла, како што се маслото од пченка, семе од грозје и сончоглед, можат да направат повеќе штета отколку добро за телото. Преработката предизвикува маслата да станат богати со омега-6 масни киселини, што може да го зголеми воспалението.

Додадени и рафинирани шеќери
Додадените и рафинирани шеќери може да го влошат воспалението и да придонесат за промени во расположението и ниска енергија. Кога шеќерот во крвта ќе ви опадне, вашето расположение се менува на полошо и нивото на анксиозност може вртоглаво да порасне.

Пржена храна
Покрај тоа што придонесува за висок холестерол, висок крвен притисок и други физички здравствени проблеми, пржената храна може да влијае на нашето ментално здравје. Психологот Наиду наведува дека тоа се случува најчесто затоа што храната се пржи во нездрави масти.

Вештачки засладувачи
Вештачките засладувачи стануваат сѐ попопуларни во светот, а најмногу ги користат оние што сакаат да го контролираат внесот на калории. Сепак, истражувачите ја доведуваат во прашање безбедноста на вештачките засладувачи, бидејќи еден популарен засладувач е поврзан со симптоми на депресија, анксиозност и раздразливо однесување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *