Сутерен.мк

Виена им помага на своите граѓани

Поради поскапувањето на енергенсите, главниот град на Австрија на почетокот на седмицата одлучи да донесе пакет мерки за помош во износ од 124,3 милиони евра.

Зголемувањето на трошоците за енергија може да биде околу 500 евра годишно за просечно виенско домаќинство. Австрискиот индекс на цените на гасот минатата година веќе е петкратно зголемен, а поради војната во Украина, невозможно е да се предвиди понатамошен развој на цените.

На социјално загрозените граѓани и на лицата со ниски приходи ќе им се исплаќа еднократен надоместок во висина од 200 евра за ублажување на последиците од поскапувањето на енергенсите, за што се планирани вкупно 50 милиони евра.

Виена ќе обезбеди поддршка за граѓаните во вид на исплата на заостанати долгови или годишно пресметување на разликата за енергија директно на добавувачите на енергија, за што има намера да издвои 26 милиони евра, информираат од Странската канцеларија во Виена.

Мерките вклучуваат и преполовување на субвенциите за гориво за оние кои патуваат на работа со автомобил, како и финансирање за намалување на цените на јавниот превоз и намалување на доплатите за природен гас и електрична енергија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *