Сутерен.мк

И официјално сме несреќни

Петта година по ред, Финска е најсреќната земја во светот, според Светскиот извештај за среќа, кој во голема мера се заснова на животните проценки од глобалната анкета на Галуп…

Нордиската земја и нејзините соседи Данска, Норвешка, Шведска и Исланд се многу добро оценети за мерките што ги користи извештајот за да ги објасни своите наоди: животен век, БДП по глава на жител, социјална поддршка во време на неволја, ниска корупција и висока социјална доверба, великодушност во заедница каде што луѓето се грижат еден за друг и слободата да носат клучни животни одлуки.

Втора на овогодинешното рангирање е Данска, а трет е Исланд. Шведска и Норвешка се на седмата и осмата позиција за најсреќна земја.

Швајцарија, Холандија и Луксембург се рангирани од четвртото до шестото, додека Израел е на деветтото место. Топ десетте ги комплетира Нов Зеланд.

Во 20 најсреќни земји се најдоа Австрија и Австралија, кои ги зазедоа 11-тото и 12-тото место, а потоа Ирска и Германија на 13-тото и 14-то место.

Петнаесеттото место на листата на најсреќни земји ѝ припадна на Канада, а САД го зазедоа 16-тото место. Веднаш зад нив е Обединетото Кралство, а потоа се Чешка, Белгија и Франција.

Според ова истражување жителите на Северна Македонија не се многу среќни бидејќи државата е рангирана дури на 92-то место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *