Сутерен.мк

Вистел почна да зрачи програма

Телевизијата Вистел на владиката Петар, односно неговото граѓанско име Петар Каревски, утрово почна да зрачи во етерот

Една од првите содржини во програмата утринава беше и документарен филм со Македонеци кои патуваат во Русија да бараат жени. Во еден дел од филмот се појавува и Владиката Петар, во сцена од црква.

Тој во минатото беше еден од иницијаторите Македонци во делови од Македонија каде што има повеќе мажи од жени поради што остануваат неоженети да си ја побараат среќата со христијанки од другите православни земји каде што има поголема женска популација отколку машки.

– Мајка ми и татко ми се доста стари, потребна ми е жена со која ќе можам понатаму во животот да не бидам сам, да бидам среќен, да имам со кого да споделувам и тешки и радосни моменти. Ако е среќата да се најде жена што ќе ме поштува и јас ќе ја поштувам и да имаме среќен живот, гласи изјавата на еден од протагонистите во овој документарен филм.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *