Сутерен.мк

Софија мора да ја признае депортацијата на македонските Евреи

Со пораки „Никогаш повеќе“ и „Ние се сеќаваме“ тие дојдоа до Тутунскиот комбинат во Скопје, некогашниот „Монопол“ од каде македонските Евреи пред 80 години беа депортирани во логорот Треблинка, но не успеаја да влезат внатре бидејќи не испратиле официјално барање за посета

Групата бугарски интелектуалци своето доаѓање во Скопје го искористија и да положат цвеќе и да одадат почит на гробот на великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, а во пресрет на одбележувањето на денот на неговата смрт – 4 мај.

Група бугарски интелектуалци од Клубот за македонско-бугарско пријателство денеска во Скопје одадоа почит на седумте илјади македонски Евреи депортирани во логорот Треблинка.
Бугарските интелектуалци испратија порака до властите во Софија дека е време да се прифати вистината за учеството на Бугарија во овие настани за време на Втората светска војна и дека е време бугарските институции да почнат да го признаваат тоа.

„Ќе го исполниме својот личен морален долг, т.е. ќе се обидеме да направиме нешто кое бугарските институции одбиваат да го направат со децении. Нашата порака е многу едноставна, време е да се соочиме со историјата и да се сретнеме грешките очи в очи. Бидејќи историјата не е само низа од засладени случувања со кои се удираме во градите и објаснуваме колку сме големи. Историјата е се она што се случило, вклучително и големите неуспеси, вклучително и несупесите на бугарската власт, има такви. Време е бугарските институции да почнат да го признаваат тоа“.

Со букет цвеќе на кој на црн флор беше напишана пораката „Никогаш повеќе“ и транспарент „Ние се сеќаваме“, групата дојде пред Тутунскиот комбинат, некогашниот „Монопол“ каде македонските Евреи пред 80 години биле собрани и оттаму депортирани во логорот на смртта.

Сепак, тие не успеаја да влезе во Тутунскиот комбинат и останаа пред неговиот влез, бидејќи не испратиле официјално барање за посета.

Групата бугарски интелектуалци своето доаѓање во Скопје го искористија и да положат цвеќе и да одадат почит на гробот на великанот на македонската револуционерна борб Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, а во пресрет на одбележувањето на денот на неговата смрт – 4 мај.

Оттаму тие порачаа дека наместо омраза и меѓусебни обвинувања, двете држави треба да градат мостови на пријателство и соработка.

Инаку, во четвртокот техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков за бугарските медиуми изјави дека ќе нема заедничко чествување со С Македонија на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај.

Шефот на бугарската дипломатија, во изјавата што ја цитира БНР, рече оти очекува оние граѓани на Бугарија кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје да се соочат со истите проблеми како на 4 февруари кога се одбележуваше раѓањето на Делчев. Тогаш бугарското МНР преку соопштение оцени дека одбележувањето на годишнината од раѓањето на Делчев не придонесе за унапредување на добрососедските односи и дека ќе биде „забележано дека македонските власти не им дозволиле на бугарски граѓани да му одадат почит на великанот“.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *