Сутерен.мк

Вратени три пратки македонски зеленчук со штетен пестицид

Во две пратки мешана салата и моркови од Македонија кои требало да бидат увезени во Хравтска бил откриен опасниот пестицид хлорпирифос. Од 2020 година, хлорпирифос е забранет за употреба во ЕУ поради неговиот генотоксичен потенцијал и развојната невротоксичност

Откриени се штетни хемикалии во зеленчукот од Македонија, објави во понеделникот европскиот систем за брзо предупредување во прометот со храна, објави хрватскиот портал Даница.хр. Како што наведуваат од РАСФФ, станува збор за мешана салата која со камион пристигнала на хрватската граница.

За среќа, тестирањето на примероците го открило штетниот пестицид хлорпирифос, па зелената салата од границата била вратена во Македонија. Во примероците кои веднаш биле анализирани, во салатата се откриени 0,055 мг/кг хлорпирифос. Дозволеното ниво на овој пестицид во храната е 0,0 според одлуката на ЕУ. Пред неколку недели истиот пестицид бил откриен во свежите македонски моркови. Во примероците се откриени 0,049 мг/кг хлорпирифос етил, а максимално дозволеното ниво е 0,01 мгг/кг, што значи дека во морковите имало пет пати повеќе пестицид од дозволеното. На крајот на јануари и во пратка мешана салата што требало да биде увезена од истата земја.

Нема информации каде и дали овие зеленчуци завршиле на македонските пазари. Од 2020 година, хлорпирифос е забранет за употреба во ЕУ поради неговиот генотоксичен потенцијал и развојната невротоксичност кај цицачите. Бројни научни студии покажаа дека изложеноста на хлорпирифос може да влијае на невролошкиот развој на децата и да го оштети нероденото дете. Тие го поврзуваат со нарушувања во развојот на мозокот, хиперактивност, ретардација на растот, намален коефициент на интелигенција. Проблеми со хлорпириос имаше и во Хрватска, бидејќи минатата година во неколку пратки со мандарини беше пронајден овој нелегален пестицид.

Инаку, лани летото пратка со српски праски е вратена од хрватска граница во Србија откако е утврдено високо ниво на пестицидот хлорпирфос, објави Европска комисија. Опасната пратка ја пријави Хрватска, но не се наведени детали за конкретната опасност, само е посочено дека товарот од Србија е потенцијално ризичен. На 7 јули 2023 година, Словенија исто така вратила праски во Србија поради присуство на пестицидот хлорпирифос.

Европската унија не го обнови одобрението за продажба на производи за заштита на растенијата што го содржат хемиското соединение хлорпирифос. Така, од 1 јануари 2020 година е забранета употребата на препарати кои ја содржат оваа активна супстанција. Хлорпирифос главно се користи во градинарството и особено во одгледувањето на агруми, делувајќи главно против инсекти.

Сепак, Агенцијата за безбедност на храна на ЕУ (ЕФСА) смета дека хлорпирифос има „потенцијални генотоксични и невролошки ефекти“ за човечки ембриони и доенчиња. Студијата на Универзитетот Колумбија заклучи дека децата изложени на хлорпирифос во утробата имале помал коефициент на интелигенција или недостаток на внимание.

Хлорпирифос е надвор од употреба со години во повеќето земји во Европската унија, но инсектицидите со ова хемиско соединение продолжуваат да се користат во градините во јужна Европа и во трети земји, од каде овошјето слободно се увезува во ЕУ, пренесува тагесшау.де. Тоа се два инсектициди кои спаѓаат во категоријата пестициди познати како органофосфати.

Според Американскиот центар за контрола и превенција на болести, по контакт со хлорпирифос луѓето можат да доживеат различни ефекти врз нервниот систем, како што се главоболки, заматен вид, зголемена лачење на плунка, напади, а во екстремни случаи, во зависност од количината и должината на изложеноста, може да доведе и до смрт, соопшти Американскиот центар за контрола и превенција на болести.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *