Овен и Рак
Бракот меѓу Овен и Рак би се завршил во солзи. Иако нивната врска на почетокот изгледа дека е идеална, Овенот многу брзо ќе стане премногу доминантен за нежниот Рак така што, најдобро е ваквата комбинација да не се појавува пред матичар.
Бик и Риби
Сума сумарум, оваа спојка би издржала шест месеци. Разликите во нивните соништа и амбиции набрзо ќе доведе до развод. Едноставно, Бикот сака кариера и семеен живот, а Рибите се со слободен дух и не се расположени да живеат според туѓите очекувања.
Близнаци и Јарец
Најголемиот проблем со кој ќе се соочи оваа двојка е недостатокот на комуникација и желбата за компромис, кога се во прашање клучни нешта. Близнаците сакаат брз живот, а Јарецот организираност, без непредвидливости.
Лав и Шкорпија
Ова спојување е школски пример за неуспех. И двата знака се исклучително своеглави и секогаш сакаат да биде по нивно се. Станува збор за исклучително силни личности, па повеќето од времето во бракот ќе им поминува во кавга.
Девица и Стрелец
Најдобро е оваа комбинација да се избегнува и така да се заштеди и на време и на солзи. Девицата и Стрелецот речиси и да немаат ништо заедничко, а бидејќи не се ни стрпливи личности, најпаметно е да не ни влегуваат во законска заедница.
Вага и Водолија
Вагата и Водолијата можат да бидат одлични пријатели, но сосема е обратно кога врската станува романтична, интензивна и сериозна. Всушност, токму отсуството на сериозност и кај двата знака ќе создаде непријателство меѓу нив и евентуалниот брак меѓу нив ќе заврши катастрофално.