Сутерен.мк

Големата измама на Илон Маск

Тесла наведувала лажни податоци за досегот на своите електрични автомобили, како во рекламите, така и во самите возила

Досегот е клучен податок кај електричните автомобили. И покрај тоа, Тесла наведувала неточни податоци за досегот на своите возила.
Пионерот на електричните автомобили Тесла ги манипулирал податоците за досегот на своите возила. Преку зафат во софтверот се постигнало возилата при полна батерија да прикажуваат поголем досег отколку што автомобилите можат да минат вистински.

Веста ја објави новинската агенција Ројтерс. Дури откако наполнетоста на батеријата ќе се спушти под 50 проценти, се добиваат пореални податоци. Според инсајдерите, наредбата за тоа да се направи ја дал лично шефот Илон Маск, уште пред десет години.

Не е познато дали софтверот е активен и во актуелните модели на Тесла. Во рекламите исто така се наведувала претерана вредност за досегот на електричните автомобили. Тоа побудувало нереални очекувања кај клиентите, а потоа соодветно водело и кон разочарување.

Бидејќи соодветно на тоа и сопствениците на Тесла се жалеле често за премалиот досег, Тесла оформиле посебно одделение. Таканаречениот „Diversion Team“ имал задача да ги негира поплаките на клиентите. Работата на вработените се сведувала главно на спречување клиентите поради проблеми да дојдат во сервисните работилници, што наводно биле преоптоварени.

Ројтерс се повикува само на случаи во САД. Дали оваа практика се применувала и на останатите пазари, уште не е утврдено. Јужнокорејските органи во почетокот на годината ѝ изрекоа парична казна на Тесла, поради лажни податоци за досегот.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *