Сутерен.мк

Голема измама со чантите Хермес!

Додека пазарот на лажни брендови цвета, во Франција неодамна се случи голема рација во која се уапсени десетина лица, а причината е препродажба на чанти од модната куќа Хермес. Имено, во последните четири години оваа дружина ги купувала легално чантите „Кели“ и „Биркин“ во бутиците на Хермес, а потоа ги препродавала по двојна цена. Речиси половина од изработените чанти биле купени од криминалната група.

Пред неколку години овој бренд го тресеше скандал во кој соучесници беа нивни вработени, кои продавале скапоцени парчиња на крокодилска кожа од која во Кина се изработувале лажни копии на чантите.

Инаку, неодамна беше продадена и нивна чанта (од линијата „Биркин“) за над триста илјади долари во аукциската куќа Кристи во Хонг Конг, на непознат колекционер во наддавање преку телефон. На неа има дијаманти, а мини катанчето е изработено од 18 каратно бело злато. Додека пак, чанта „Биркин“, но користена, беше продадена за речиси сто илјади долари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *