Сутерен.мк

Горан Стефановски „патува“ во Нови сад

Драмски театар – Скопје, со претставата „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ, ќе гостува на 67-то „Стеријино позорје“ во Нови Сад, а изведбата е во недела на 29 мај.
Драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Еуроалиан“ и „Одисеј“)

Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

Ансамблот на Драмски театар-Скопје со ова гостување на 67-то „Стеријино позорје“ ја продолжува повеќедецениската традицијата на успешни изведби и наградувани претстави на еден од најпрестижните театарски фестивали во регионот. Првото учество на Драмски театар Скопје на „Стеријино позорје“ било во 1966 година со претставата „Богомилска балада“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *