Сутерен.мк

Град на духови

Воркута е еден од најголемите градови кои се наоѓаат северно од Арктичкиот круг. Тој е најисточниот и најстудениот европски град. Му припаѓа на Печорскиот рударски басен на крајниот север на Русија и некогаш бил значаен рударски центар.

„Трудот во Советскиот сојуз е работа на чест, слава, гордост и херојство“, пишува на влезот во Воркута, кој е веројатно, најголемиот гулаг во европскиот дел на Русија.

Воркута е создаден во 1932 година, како централен логор и административен центар за помалите логори во опкружувањето, каде што затворениците се носени на принудна работа.

Денес тој се нарекува како „град на духовите“ бидејќи жители има се помалку, температурата паѓа и до минус 52 степени целзиусови, има бескрајни поларни ноќи и мрачна историја, а остатоците од времето кога бил воена база за стратешките бомбардери за време на Студената војна, се уште се тука…

Некогаш бил симбол на Советската индустриска моќ, а денес е речиси целосно опустошен и заборавен. Меѓутоа и конзервиран: мразот замрзнал многу спомени од животот во оваа работничка населба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *