Сутерен.мк

Маск се мајтапи со Безос!

Вселенската трка на двајцата најбогати мажи на светот добива нова димензија откако првиот човек на Тесла, Илон Маск им се посмевна на обидите на Џеф Безос да го оспори неговиот договор со агенцијата НАСА!

 

Двајцата милијардери кои се обидуваат да лансираат орбитални ракети со долг дострел се натпреваруваат за атрактивниот договор со американската влада за изградба на вселенски брод што ќе ги пренесе астронаутите на месечината во 2024 година.

Маск победи, а Безос ич не е среќен! Па се жалеше дека НАСА ги изменила условите на натпреварот во последен момент.

Маск на ова, возврати со твит:„ Не може да се крене (до орбитата), умирам од смеење!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *