Сутерен.мк

Дали да очекуваме вонземјани?

Луѓето ќе откријат постоење на живот на далечни планети во следните неколку години, предвидува еден од најпознатите британски астрофизичари. Професорот Саша Хинкли, астрофизичар од Универзитетот во Ексетер, вели дека станува сè поверојатно дека знаците на живот на други планети ќе бидат откриени „во текот на неговиот живот“.

Тој вели дека моќните алатки како вселенскиот телескоп Џејмс Веб вреден 10 милијарди долари се на чекор од откривање на „биопотписи“ – атмосфери на егзопланети кои содржат гасови како кислород што го испуштаат живите суштества, што може да биде показател за постоењето на живот.

Голем број експерти од Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави и Швајцарија се задолжија да најдат живот на еден од илјадниците вонземски светови во следните 10 или 20 години, што би било најголемото откритие во историјата на човештвото: веројатноста дека животот во некоја форма сè уште постои на друго место во вселената е доста голема“, рече професорот Хинкли.

Но, тој додаде дека дури и ако детектираат знаци на живот на далечна планета, тоа сепак не значи дека ќе сретнеме вонземјани.

„Да бидам целосно јасен, откривањето на постоењето на живот на друга планета не мора да значи дека таму постои вонземска цивилизација, ниту дека ќе можеме да комуницираме со откриената форма на живот“, рече тој во написот објавен на порталот Спеkтатор.

„Доказите за постоењето на живот веројатно ќе се откријат со набљудување на нерамнотежа во односот на хемиските елементи (на пример озон и јаглерод диоксид), кои не би постоеле природно, без можноста за некаква форма на биолошка активност што ќе ја предизвика.

Конзервативното предвидување на НАСА е дека дури сто милиони светови во нашата галаксија би можеле да поддржуваат живот. Вселенската агенција тврди дека за 20 години ќе можеме да откриеме живот на далечни планети, а големи се шансите тоа да биде планета надвор од нашиот Сончев систем.

Алатките како моќниот телескоп Џејмс Веб, кој е лансиран во 2021 година, веќе го набљудуваат универзумот подетално од кога било досега. Мисијата на овој телескоп е да го продлабочи нашето разбирање за тоа како се формирале и еволуирале планетите, ѕвездите и галаксиите.

Сепак, се подготвуваат и други вселенски уреди кои ќе ни помогнат во потрагата, изјави Хинкли. Имено, НАСА почна да развива вселенска мисија чија цел би била да пронајде биопотписи на егзопланети до 2040 година. Вселенските телескопи веќе можат да ја анализираат светлината на ѕвездата додека минува низ атмосферата на планетите во тој систем и на тој начин да го утврдат нејзиниот хемиски состав.

Во август, астрономите објавија дека телескопот Џејмс Веб открил јаглерод диоксид во атмосферата на планета со големина на Сатурн оддалечена 700 светлосни години. Ова е првпат научниците со сигурност да кажат дека го откриле овој гас на планета надвор од Сончевиот систем.

Посебно внимание се посветува на планетите во т.н Во „зоната на Голдилокс“. Орбитите на ваквите планети не се ниту премногу блиску ниту премногу далеку од сонцето, што прави идеални услови за постоење на течна вода, која се смета за клучна состојка за постоење на живот. Се верува дека може да има трилиони населливи планети во универзумот, а стотици милиони од нив само во нашата галаксија.

„Трите планети во системот ТРАПИСТ-1 се во зоната на живеење на нивната ѕвезда. Веќе започнаа подготовките за набљудување на тие три планети со телескопот Џејмс Веб за да се откријат можните биопотписи“

До денес, научниците забележале 5.332 егзопланети во околу 3.930 планетарни системи: „Но, тоа не е ни врвот на ледениот брег. Само за споредба: има повеќе од 100 милијарди ѕвезди во нашата галаксија Млечен Пат“, рече Хинкли.

„Со оглед на тоа што по бројните вселенски мисии откривме дека планетите орбитираат околу повеќето ѕвезди, ова може да ви даде индикација за тоа колку егзопланети навистина би можеле да постојат во нашата галаксија.

„Покрај тоа, се смета дека има околу 200 милијарди галаксии во универзумот, од кои секоја потенцијално содржи стотици милијарди ѕвезди со нивните егзопланети.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *