Сутерен.мк

Секој смартфон може лесно да се шпионира

Секој смартфон може да се прислушува и шпионира без да се инсталира специјален софтвер за таа цел, предупреди денеска компанијата „Даст Мобајл“ на Меѓународниот форум за сајбербезбедност во Лил, на северот на Франција.

„За 500 долари месечно на даркнет (дел од интернетот кој не е видлив за обичните пребарувачи), еден хакер може, само знаејќи го телефонскиот број, да го лоцира вашиот телефон од далечина и без ваше знаење, да пресретнува и слуша повици и да има пристап до вашите пораки,“ велат од компанијата.

„Даст Мобајл“ прецизира дека хакерите можат дури и да менуваат некои пораки и да ги испратат некому од вашиот број. Тие можат и да остваруваат телефонски повици од вашиот број.

Компанијата развила систем за заштита од овој малку познат ризик од хакирање, кој може да открие дали хакерите користат некои безбедносни дупки во СИМ-картичките или во системите што овозможуваат комуникација помеѓу две лица кои немаат ист оператор.

Се работи за заштитна СИМ-картичка која во случај на хакерски напад активира аларм и веднаш го блокира нападот. Таа е особено наменета за компании и владини институции. Картичката може да детектира и напади од таканаречениот систем IMSI-Catcher, кој го користат разузнавачките служби.

Хакерските напади на мобилните телефони стануваат сè пософистицирани, а тие најчесто се изведуваат преку софтвер дискретно инсталиран на телефонот и шпионирање на неговата содржина.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *