Сутерен.мк

Дали црното чоколадо е поздраво од млечното?

Колку е погорчливо, толку чоколадото е покорисно. Какао има многу повеќе во црното чоколадо, отколку во млечното. Процентот на какао може да биде во распон од 70 до 90 проценти. Со самото тоа процентот на шеќер е помал, а тоа е одлично за организмот.

Консумирањето на црно чоколадо го намалува крвниот притисок, а исто така го намалува ризикот од добивање на мозочен удар или инфаркт. Луѓето кои често консумираат темно чоколадо поретко патат од кардиоваскуларни проблеми.

Одредени супстанци во црното чоколадо поттикнуваат лачење на серотонин, кој е познат како природен антидепресив. Црното чоколадо е многу корисно во депресивни состојби и исто така го намалува ризикот од рак на дебелото црево.

Црното чоколадо е одличен извор на природни антиоксиданси. Научниците дури и откриле дека содржи многу повеќе антиоксиданси од јаболката, грозјето и сливата. Содржи голема количина на кофеин, кој помага во активноста на мозокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *