Сутерен.мк

Кој ќе повреди жена, го навредува Господ

Папата Франциско претходно повеќе пати повикуваше на сопирање на насилството над жените, но неговите зборови денес се први на таа тема откако Италија ја разгневи бруталното убиство на Џулија Чекетин (22-годишна студентка).

Тоа поттикна протести низ земјата и повици настава за почитување на девојките да се воведе во образовниот систем веќе од градинка.

„Секое општество треба да го прифати дарот на жената, на секоја жена: да се почитуваат, бранат и ценат жените, знаејќи дека, кој и да ѝ наштети, со тоа го навредува Бога, роден од жена“, кажа папата Франциско во проповедта на Нова година во базиликата Свети Петар во Ватикан.

Италијанските пратеници едногласно поддржаа низа мерки чија цел е борба против насилството над жените.

Според податоците на италијанското министерство за внатрешни работи, во 2023 се убиени повеќе од сто жени во Италија, а речиси половина од нив од страна на сегашни или поранешни партнери.

Чекетин ја убило нејзино поранешно момче.

Гневот околу нејзиното убиство се поклопил со успехот на филмот „И понатаму има утре“, приказна за жена која ја тепа нејзиниот сопруг. Сместен во Рим набрзо по Втората светска војна, кога жените добиле право на глас, тој филм сега се користи како образовна алатка во училиштата низ земјата.

Папата денес кажа дека жените играат клучна улога со тоа што се пример за мир.

„Во светот мора да се угледаме на жените и мајките за да се најде мир, за да се излезе од спиралата на насилството и омразата и да се видат нештата со вистински хумани очи и срце“, порача тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *