Сутерен.мк

Да се умре за љубов

Фејсбук с(р)еќавања…

Да бидеме искрени, малкумина од нас се подготвени да умрат за љубов. Со его, не можете ниту да сакате, ниту да ја видите вистинската убавина. Егото мисли дека за неговата смрт станува збор.

Најголемата замка што постои на светов е убавото лице. (И не туку ми дрндајте „убавината е во окото….“ Убаво, си е убаво.)

Ви течела ли некогаш туѓа крв низ вените? Страшно чудно чувство е. Од друга страна, спокојно, сигурно, некако државнички.
По една поголема криза (имам ретка крвна група), посакав да го запознаам својот добротвор. Дојде едно старче, Ром. Прастара душа. Прастари патења. Прастари љубови.
Му велам: „Како да ви се одолжам?“ А тој:„Па, ми ја бакна ракава… Шо друго!?“

За љубов треба да се умре.
Немате поим колку е чудно да ви тече туѓа крв низ вените. Ако воопшто е туѓа. Можеби само уште таа љубов недостасува…

Сакајте се себе си, сакајте ги оние што се грижат за вашето здрвје, оние кои одат на прсти дур дремете покрај телевизорот. Убавите лица секако, ќе огрдеат. Или барем, остарат. А тоа е исто.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *