Девојката на Леонардо Ди Каприо, Камила Мороне, го прослави својот 25-ти роденден, а луѓето на интернет не престануваат да се шегуваат на тоа, бидејќи славниот актер најчесто излегуваше со помлади девојки.
Ди Каприо почна да излегува со аргентинско-американскиот модел во 2017 година, кога таа имаше само 20 години.
Странските медиуми веќе подолго време пишуваат дека Лео има тенденција да излегува со девојки од 25 години или помлади.
Камила завчера сподели фотографија заблагодарувајќи им се на сите за честитките за роденденот, а голем број следбеници ја искористија објавата за да дознаат за врската меѓу неа и Ди Каприо.
„25? Значи ти и Лео раскинувате?“, „Можеби ќе бидеш неговата прва девојка што ќе стигне до 26 години“, „Сигурен сум дека врската ти беше забавна додека траеше“, „Премногу си стара за него сега“, „Време е за пауза“, се само дел од бруталните коментари под нејзината објава.
Двојката која има 23 години разлика изгледа ги игнорира злобните коментари, а многумина веќе ја прогласија Камила за жената која го промени вечниот холивудски ерген.