Сутерен.мк

Синиот канал, мета на инстаграмџиите

Солената пустина Боневил во северозападна Јута, САД е хит меѓу туристите долги години. Тоа е неверојатна област покрај Големото солено езеро – најголемото природно солено езеро на западната хемисфера и едно од најсолените во светот.

Интересот на туристите за посета уште повеќе порасна во последната година откако на интернет се појавија фотографии од синиот канал. Неодоливата боја на водата во каналот за разлика од белата средина создава пријатна композиција која многумина решиле да ја фотографираат и објават на своите социјални мрежи.

Иако истражувањето на необични и скриени места е омилена активност на светските патници, сепак е важно да се следат правилата на локалното население.

Синиот канал е делумно на приватен имот – насекаде има знаци за забрана – и не треба да се посетува без претходно одобрение од сопственикот. Дополнително, треба да се знае дека каналот не е природна појава, туку вештачка креација направена за индустриски цели.

Имено, локална компанија го користи каналот како одводен ров во процесот на вадење минерали. Иако водата не е отровна, не е наменета за капење. Исто така, локалните власти предупредуваат дека некои делови од синиот канал може да бидат нестабилни и да пропаднат.

Да се ​​задржувате овде не е добра идеја, дури и по цена да се направи совршена фотографија за Инстаграм. Локалните полицајци почнаа да пишуваат казни за да ги спречат љубопитните луѓе да стигнат до синиот канал.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *