Прв пат после стотина години светското Национално географско друштво најави дека Јужниот океан, што го опкружува Антарктикот ќе биде прогласен за петтиот светски океан т.е. дека покрај Големиот (Тихи), Атлантскиот, Индискиот и Северниот (Арктички) ќе го имаме и Јужниот.
Досегашните пречки за именување на оваа површина за океан се уште не се надминати – во меѓународната научна заедница и натаму дискутираат за името и границите на оваа водена територија.