Нобеловата награда за медицина годинава му е доделена на шведскиот научник Сванте Пабо (67) за посебни заслуги во разјаснувањето на човековата еволуција.
Пабо е директор и научен соработник за еволуциска антропологија во Институтот Макс Планк во Лајпциг и меѓу другото како прв научник секвенционираше геном на неандерталец.
Неговите пионерски истражувања доведоа до создавање на новата научна дисциплина – молекуларна археологија или палеогенетика, се вели во образложението на Нобеловиот комитет. Преку разоткривањето на генетските разлики на сите живи луѓе од поранешната човечка популација со нејзините форми, неговите резултати создадоа основа за истражување на она што е суштинска карактеристика на луѓето.
Најпрестижното признание за медицина годинава изнесува во вредност од околу 920.000 евра, а од 1901 година наградата за медицина досега ја добиле 224 луѓе, од кои десет жени.
Свеченото врачување на Нобеловата награда за сите области ќе биде извршено на 10 декември, согласно на традицијата, на денот на смртта на основачот на фондот за Нобеловата награда, Алфред Нобел.