Сутерен.мк

Елон Маск е најбогатиот на планетава!

Со богатство од над 185 милијарди долари, Елон Маск стана најбогатиот човек на светот! Од 2017 година па досега, првото место му припаѓаше на основачот на Амазон, Џеф Безос, но со вчерашното зголемување на цената на акциите на „Тесла“, тоа нагло се промени.

Вредноста на компанијата на Маск за електрични автомобили порасна во текот на минатата година и во средата за прв пат, на пазарот вредеше 700 милијарди долари. Така, „Тесла“ стана повредна од „Тојота“, „Фолксваген“, „Хјундаи“, „ГМ“ и „Форд“ заедно.

На веста дека станал најбогатиот човек на светот, сопственикот на „Тесла“ и „Space X“ на Твитер напиша: „Колку чудно“!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *