Сутерен.мк

Елон Маск и обезбеди интернет на Украина

Телекомуникациската мрежа во Украина е тешко погодена од руската инвазија па многу Украинци останаа без пристап до интернет!

Микаило Федоров, министерот за дигитална трансформација на Украина и вицепремиер, побара од Елон Маск да го активира Старлинк Интернет.

Десетина часа подоцна, Маск успеа да распореди и активира сателити над Украина.

Старлинк е сателитска констелација на компанијата на Маск „Спејс екс“ чија цел е да обезбеди сателитски пристап до интернет.
Иако е исклучително скапа за имплементација, оваа сателитска технологија може да обезбеди интернет на луѓето кои живеат во рурални или тешко достапни места до кои не може да се стигне со базни станици или кабли со оптички влакна.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *