Сутерен.мк

Животот, обратно од шахот, продолжува и по матот

Сите нешта кои се раскажани во оваа книга се производ на фантазијата.

Се надевам дека никогаш не ќе се остварат.

****

Умирањето е лесна работа што можам да ја направам лежејќи.

****

Староста е единствената болест што не сакате да заврши.

****

Целта на војната не е да се умре за татковината, туку овозможувањето на бедното копиле од спротивниот ров да умре за татковината!

****

Во младоста деновите се кратки, годините долги; во староста деновите се долги, а годините кратки.

****

Не сум сретнал никого што доживеал сто години, а успеал во некоја позначајна работа од долго живеење.

****

Животот, обратно од шахот, продолжува и по матот.

****

На моја возраст љубов е да решиш на чии раце да умреш. Впрочем и на секоја возраст е така.

*

Мурат Ментеш, „Рухи Муџерет/Чекајќи го крајот“, роман

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *