Сутерен.мк

На онлајн медиумите не им требаат новинари

Онлајн медиумот „Базфид“ планира да користи вештачка интелигенција за да го персонализира и зголеми производството на онлајн квизови и медиумска содржина.

Информацијата била споделена со вработените од страна на извршниот директор Џона Перети.

„Во 2023 година, содржината напишана со ChatGPT суштински ќе навлезе во нашиот бизнис, преку подобрување на квизовите, учествување во обмислување на нови идеи и персонализирање на содржината за нашите читатели“, стоело во информацијата споделена од Перети.

Според извештај од „Волстрит журнал“, „Базфид“ ќе користи технологија од компанијата за вештачка интелигенција OpenAi. Истовремено, „Базфид“ ќе користи и ChatGPT, јазичен модел на четбот кој доби огромна популарност поради успешноста на имитирањето на човечка комуникација.

„Базфид“ не е првата новинска платформа која користи вештачка интелигенција. Сајтот за технологија, „SiNet“, наводно користи алатки за да генерира објави кои се проверуваат од вработените пред објавување.

Оваа практика во медиумот била воведена минатата недела и оттаму велат дека ваквиот модел е сѐ уште ограничен бидејќи половина од објавите кои се генерирани преку алатки за вештачка интелигенција мораат да бидат проверувани поради грешки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *