Сутерен.мк

Заврши доживотната на Жарко Лаушевиќ

Познатиот екс-ЈУ актер Жарко Лаушевиќ почина на 63-годишна возраст по кратко и тешко боледување, како што соопшти неговото семејство, а големите здравствени проблеми за актерот започнале кон крајот на август.
Актерот тогаш поради сериозни проблеми бил хоспитализиран во болницата на Бежанијска Коса, а како што пишува „Курир“ било констатирано дека боледува од рак на белите дробови.

Иако имал тешки терапии, Лаушевиќ работел од болничкиот кревет, а надеж за излекување давал и фактот што му било дозволено да си оди дома.

Самиот актер изразил желба да се појави на премиерата на филмот „Хероите на Халиард“, што воедно е и последно појавување на актерот во јавноста, а неговото појавување предизвикало солзи кај многу негови колеги. Иако во тој момент го напуштил болничкиот кревет, на Лаушевиќ му била препишана строга терапија и редовно следење на неговата состојба.

Здравствената состојба на познатиот актер ненадејно се влошила пред три недели, кога повторно бил хоспитализиран и останал во болница до смртта.

Еден трагичен настан во 1993 година засекогаш му го промени животот. Лаушевиќ и неговиот брат Бранимир беа нападнати од група хулигани во близина на еден бар во Подгорица. Таа ноќ Жарко ги уби напаѓачите со пиштол и тешко рани еден млад човек, додека тој се приближуваше да им се придружи на напаѓачите. Беше осуден на 13 години затвор за двојно убиство. Казната ја издржа во Спуш и Пожаревац.

По укинувањето на пресудата од Сојузниот суд, по повторното судење во февруари 1998 година, тој беше осуден на 4 години затвор за двојно убиство од самоодбрана. Бидејќи во тоа време тој веќе имаше издржано 4-5 години затвор, беше ослободен. Набргу потоа ја напушти земјата и се пресели во САД, плашејќи се од крвна одмазда.

За неговиот живот е снимен и филмот „Лауш“ (2014) по идеја, сценарио и режија на Бранка Бешевиќ Гајиќ.

Лаушевиќ ја објави својата книга „Годината минува, денот никогаш” (2011) пишувана во неговата затворска келија, која содржи многу искрени мисли кои со години се цитираат.

„Ова е земја во која што се доцни со сè. Само се умира предвреме“, гласи една од нив.
Продолжението „Втора книга“ го објави во 2013 година. Третата книга, „Сè ќе мине, па и доживотната“ (2018) претставува дневник од затворот во Забела во Пожаревац каде што помина 2,5 години, по што казната ја служеше во Спуш.

Ова се некои од најомилените цитати кои моментално се споделуваат на социјалните мрежи во чест на неговиот живот.

НЕ Е ОВА ЛОШО ВРЕМЕ, ЛОШОТО СМЕ НИЕ. НИЕ СМЕ ТИЕ КОИ МИНУВАМЕ НИЗ ЖИВОТОТ САКАЈЌИ ГИ ПОГРЕШНИТЕ И ГАЗЕЈЌИ ГИ ВИСТИНСКИТЕ.

СИТЕ СЕ ТУКА ВО ДОБРО , А КОГА ДОАЃААТ ТЕШКИ ВРЕМИЊА, СИТЕ БЕГААТТ. ОЧИГЛЕДНО НЕ САКААТ ДА НОСАТ ТУЃ ТОВАР КОЈ НЕ СЕ ПЛАЌА.

СИТЕ НИЕ ПАТУВАМЕ СО СОНИШТА. СИТЕ НИЕ СМЕ ПАТНИЦИ НА АВТОПАТОТ НА ЖИВОТОТ. СКИТНИЦИ НА ПАТОТ НА КОПНЕЖОТ. БЕЗДОМНИЦИ ВО ДОМОТ НА ЉУБОВТА. БОРЦИ ВО ВОЈНАТА НА ТАГАТА. ИЗГУБЕНИТЕ ГИ БАРАМЕ. НЕРАЗБРАНИТЕ ГИ РАЗБИРАМЕ. НЕСАКАНИТЕ ГИ САКАМЕ. НЕСИГУРНИ СЕ НАДЕВАМЕ. И СИТЕ СМЕ ИСТИ. И СИТЕ НИЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *