Сутерен.мк

Загрижувачко размислување на младите за родовата еднаквост

Повеќе од 90 проценти од младите во Македонија слушнале за терминот родова еднаквост, сепак околу 1/5 од нив не се доволно запознаени со значењето и суштината на концептот на родовата еднаквост. Родовите стереотипи кај младите пред сè се поврзани со однесувањето на момчињата и девојчињата, нивниот надворешен изглед, односно облеката.

Според младите, најголем дел од родовите стереотипи потекнуваат и се учат од семејството. Околу 30 отсто имаат родово стереотипно размислување кога станува збор за учество во донесувањето одлуки на жените и „природата“ на мажите да бидат лидери. Секое четврто анкетирано момче смета дека жената има обврска да се грижи за хигиената во домот и да подготвува храна, а секој петти млад маж од испитаните смета и дека мажот е одговорен за плаќање на сметките, а пак 18 отсто сметаат дека одлуката за купување автомобил треба да ја донесе мажот.

Овие се дел од клучните наоди на Анализата на родовите (не)еднаквости низ призмата на младите во Северна Македонија во која учествуваа 1200 млади на возраст од 15 до 29 години, од кои 634 девојки и 566 момчиња. Истражувањето е спроведено теренски со затворени прашалници по региони и во него учествуваат млади од македонска, албанска, ромска и турска етничка припадност.

Истовремено, наодите водат до тоа дека девојките повеќе ги препознаваат родовите стереотипи во државата отколку момците, односно 81,1 проценти од испитаничките од и 76.9 отсто од испитаниците сметаат дека во Македонија постојат родови стереотипи.

Најзагрижувачки е податокот дека 40 отсто од младите мажи и жени не сметаат дека жените треба да бидат донесувачи на одлуки во општеството.

Младите најчесто за стереотипите дознаваат од семејството, а велат дека најмалку се застапени во традиционалните медиуми. Ова веројатно се должи на тоа дека младите речиси воопшто не гледаат линеарна телевизија, односно не ги следат традиционалните медиуми.

„Родовите стереотипи најмногу ги има во училиштата. Сетете се само на часовите по физичко образование. Машките играат фудбал и кошарка, а женските народна… или нешто друго што одговара за женски“, изјавил маж на возраст од 25 до 29 години.

Студијата испитува и некои од најчестите стереотипи на родова основа присутни во општеството, образованието, на работните места.

Оттука, 10 посто од младите мажи и околу 6% од младите жени сметаат дека од момчињата и мажите се очекува да користат насилство и агресија зошто така се докажува мажественоста…

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *