Сутерен.мк

Захарова: Косово почна да спроведува агресивна реторика

„Политиката на Брисел кон Белград потсетува на „брак кој започнува со предавство“ – изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа изјави дека заострувањето на односите меѓу Србија и Косово се веднаш по самитот на ЕУ во Албанија со учество на земјите од Западен Балкан, пренесува ТАСС.

Таа на својот Телеграм профил посочи дека е усвоена Декларацијата од Тирана, која ги поддржува аспирациите на земјите од Западен Балкан за влез во ЕУ.

Захарова рече дека во посебен став од Декларацијата на ЕУ од Тирана е пропишано дека Косово и Србија се „на европскиот пат“ и дека не е изненадување што „Косово почна да спроведува агресивна реторика“.

Портпаролката на руското МНР додаде дека Европската унија се обидува да ја одведе Србија во „убава иднина“ и истовремено да организира провокации против Белград.

„Таквата политика е предавничка на самиот почеток, како брак што започнува со предавство“ – рече таа.
Ситуацијата на северот на Косово ескалира по апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ. Северот на Косово и Метохија е блокиран и од граѓаните и од полицијата. Србите протестираат веќе осми ден, а училиштата на северот нема да работат до понатамошно известување.

Косовската полиција забрани минување и на возила и на пешаци на административните премини Јариње и Брњак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *