Сутерен.мк

За прашањата на денешниот Хомо сапиенс

Денеска во 18 часот во барот „Каза“ во Дебар Маало, Ноне Абрашева Ноциќ, Сергеј Андреевски и Тони Поповски, ќе ја промовираат книгата „Една книга“ од Валентин Нешовски, долгогодишен новинар и човек од ПР-от.

Изданието носи поднаслов „Summa Universi“, а претставува расправа, трактат за сите прашања што си ги поставува денешниот Хомо сапиенс за неговото потекло, универзумот, општествените и политичките трендови, па и светските социолошки текови.

Целата расправа на 150 страници е сместена во фикција – новела која се движи на границата помеѓу научната фантастиката и реалноста.

Нешовски бил новинар во „Нова Македонија“, „Македонија Денес“ и „Денес“, уредник во политичкиот магазин „ЗУМ“, бил дописник на неколку странски медиуми, магистрирал меѓународни односи и режими во САД, а последниве десетина години работи како консултант за односи за јавност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *