Сутерен.мк

Откриена техника со која расте нова коса

Тим од научници се надеваат дека фоликулите израснати во лабораторија и подоцна трансплантирани на главата на ќелав човек ќе овозможат повторно да расте коса

Научниците веруваат дека ќелавоста ќе биде минато по растењето на фоликулите на косата во Петриеви садови. Научниците од јапонскиот национален универзитет „Јокохама“ користеле клетки од кожата од ембриони на глувци за да дојдат до научно откритие.

Тие го контролираа просторното уредување на два типа клетки одредувајќи како растат фоликулите на косата, пишува „Дејли стар“. Сепак, истражувањето сѐ уште е во рана фаза, а постапката допрва треба да се тестира на човечки клетки.

Но, тимот се надева дека фоликулите израснати во лабораторија би можеле да се пресадат на ќелави глави и да дозволат косата да расте повторно.

Техниката може да помогне во лекувањето вообичаени медицински состојби што доведуваат до опаѓање на косата, како што се машкиот модел на ќелавост и алопецијата. Повеќе од 80 проценти од мажите доживуваат опаѓање на косата во текот на животот, а речиси половина од жените страдаат и од губење на косата.

Истражувачите го променија распоредот на епителните и на мезенхималните клетки, кои комуницираат за да овозможат развој на фоликулите на косата.
Епителните клетки се тип на клетки што ги покриваат површините на телото, внатре и надвор, а мезенхималните клетки се наоѓаат во коскената срцевина и се од витално значење за создавање и поправка на скелетното ткиво.

Фоликулите израснати во лабораторија беа имплантирани во кожата на глувците и продолжија да произведуваат повеќе фоликули, „што имплицира дека ембрионите од фоликулите на косата имаат капацитет за неогенеза на влакната“.

Истражувачкиот тим вели дека следниот чекор е да се создаде експеримент користејќи човечки клетки.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *