Сутерен.мк

За што не треба да се извинувате никому?

*Затоа што се цените себеси и не им дозволувате на другите да ве потценуваат.

*Затоа што не обрнувате внимание на личности кои ќе си приспомнат на вас само кога им сте потребни.

*Затоа што го работите она што го сакасте, иако на другите им се чини бескорисно и глупаво.

*Затоа што не глумите нешто што не сте, за да постигнете некоја цел.

*Поради грешките што сте ги направиле оддамна. За кои сте се извиниле.

*Затоа што сте се промениле и се движите напред, за разлика од останатите, кои стагнираат и не мрдаат од конзервата, колку и да им е неудобно.

*Поради тоа што не сте кренале раце од својот сон и покрај константните обесхрабрувачки пораки од опкружувањето.

*Никакво извинување затоа што уживате во животот и не се однесувате „како што ви личи за годините“.

*Поради тоа што целосно се давате себеси на другите во љубовта, иако така ризикувате да бидете повредени.

*Затоа што чекорите по својата патека низ светот во којшто се очекува да ги исполнувате туѓите желби.

Извор.,,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *