Сутерен.мк

Зошто сакам мачки?

Фејсбук с(р)еќавања…

Затоа што се најблиску до мојот карактер. Значи, нарциси? Па, не баш.

Мачките на прва се чини, дека не покажуваат ни малку грижа за останатите (за луѓето и за другите мачки). Изгледаат како да не ги интересира дали другите се задоволни со нив…

Ќе речете, тие бараат само галење, хранење и други знаци на подршка од блиските и потоа си „заминуваат“ како да не им е ни малку битно за доброто што некој го направил за нив.

Секој паметен набљудувач ќе ви потврди дека тоа не е недостаток на социјален интерес, туку дека на мачките им требаат помалку одговори отколку на другите „луѓе“ за да бидат задоволни.

Не, ниту се глупави, ниту нељубопитни. Тие се осаменици – не патат по реакција од „публиката“ за да преживеат во општеството (за разлика од кучињата).

Наспроти мачките, на нарцисоидните личности им требаат многу признанија од другите, за кои не возвраќаат со иста мера.

Нарцисите се модел за тотална нерамнотежа помеѓу она што е потребно и она што е дадено.

Покрај еден нарцис, луѓето се чувствуваат осудено, исцрпено, напорно, токсично, како да се заглавени во еднонасочна улица.

Да се има нарцис во животот, може да биде мноооогу фрустрирачко.

Да се има мачка е смирувачко. Не гњават, ама ич. Напротив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *