Сутерен.мк

Зборот на годината за 2022-ра

„Оксфорд ленгвиџис“, компанијата која стои зад Оксфордскиот речник на англискиот јазик, го одбра зборот на годината за 2022-ра.

Со помош на специјален софтвер, лексикографите во компанијата ги одбрале зборовите, односно фразите, кои ги претставуваат расположението и ставовите што ја одбележаа оваа година. Откако биле одбрани три фрази, јавноста гласала за зборот, односно фразата на годината.

По две недели гласање и 300 000 гласа, го имаме победникот. Зборот на годината според Оксфордскиот речник е гоблински режим (goblin mode). Веројатно сте го искусиле ова иако не сте свесни дека има име.
Како што објаснуваат од компанијата, фразата го опишува однесувањето кое е неоправдано мрзливо или алчно на начин кој ги отфрла општествените норми или очекувања.

Концептот е спротивен на амбициозноста, а особено бил популарен во текот на пандемијата кога луѓето научиле дека не мора секогаш да се трудат да бидат најдобрата верзија од себеси.

Јадење житарки од пластичен сад навечер бидејќи сè друго е валкано, одење по влечки до продавница, седење дома цел ден по пижами, фотографирање без шминка и филтери… е гоблински режим.

Според Мариам – Вебстер речникот пак, збор на годината е „gaslighting”.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *