Сутерен.мк

Јапонскиот селектор им се поклони на навивачите

Јапонскиот селектор Хаџиме Моријасу им се поклони на навивачите за да им се заблагодари за поддршката која репрезентацијата ја доби за време на нивните настапи на овој Мундијал.

Во стилот на традицијата, Јапонците достоинствено се простуваат од мундијалските настапи во Катар.

Јапонците на овој Мундијал сензационално го освоија првото место во групата, откако ги совладаа и Шпанија и Германија со 2:1, а Хаџиме Моријасу пред мечот со Хрватска истакна дека имаат „огромен мотив за победа на овој меч“.
На крајот Хрватска се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот во Катар со подобро изведување на пенали од Јапонија. По 120 минути беше 1:1, а во пенал серијата херој беше Доминик Ливаковиќ, кој трипати ги запре ударите на Јапонците. Голот за Хрватска во регуларниот дел од натпреварот го постигна Иван Перишиќ, а за Јапонија, Дајзен Маеда.

И додека хрватските репрезентативци ја славеа победата, Јосип Јурановиќ среде прослава истрча до Дајзен Маеда, кој му е соиграч од Селтик. Хрватскиот десен бек го тешеше својот пријател кој беше во солзи, го прегрна и бакна.
Инаку, навивачите на Јапонија го воодушевија светот со својата култура кога по секое нивно присуство на стадионите го собираа ѓубрето. Таква култура покажаа и членовите на националниот состав на Јапонија кои соблекувалната ја оставаа зад себе беспрекорно чиста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *