Сутерен.мк

Зошто ве будат децата?

Според теоријата на поврзаноста, кога ќе одговорите на потребите на своето дете, се создава силна врска која се вткајува во личноста на детето и служи како основа за сите негови понатамошни емоционални врски!

Децата ве сакаат и зависат од вас, а кога ненамерно ќе се одвоите од нив, на пример кога спиете, може да се чувствуваат тескобно.

Психологот за деца Естер Коен укажува дека е прилично вообичаено малите деца да се обидуваат да им ги отворат очите на своите сонливи родители. Нејзината теорија е дека кога сте присутни, но со затворени очи и не реагирате, тоа за вашето дете креира „емоционални неволји“. Затоа, најдобриот и најлесен начин за да се чувствуваат подобро е да ве разбудат.

Коен верува дека контактот со очи му обезбедува на детето чувство на сигурност.

„Кога родителите имаат отворени очи, децата чувствуваат олеснување бидејќи сте на ’готовс’ и можете да бидете интерактивни со нив. Чувствуваат дека сте тука за да ги заштитите, а и онака се постојано во потрага по нашето внимание“, вели таа.

Малите деца, според неа, имаат способност да разберат кога се родителите присутни, кога не! „Тоа е универзален феномен. Кога се ’криете’ и се обидувате да дремнете и вашето дете ве бара, тоа за нив е инстинкт. Кога спиете, вие за нив не сте присутни и тие мораат да ве разбудат“, истакнува Коен.

Истражувањата покажуваат дека ова може да биде причината и зошто е тешко да се игнорира партнерот кој работи од дома. Тој е тука, но од друга страна е недостапен, па затоа постојано се бара причина за интеракција со него – баш како да го будите од сон

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *