Сутерен.мк

Зошто генерацијата Z е супериорна!

Толку баналниот израз „јаз меѓу генерации“ веќе губи сосема смисла! Затоа што т.н. генерација Z (1997 – 2012), или пост – миленијалците, не чекаат децении за да сменат нешто,туку веднаш го возвраќаат ударот на своите претходници – Миленијалците (1980 – 1995). Еве и како…

Хуморот на сопствена сметка

Миленијалците премногу често и без некоја причина се шегуваат на сопствена сметка. Тешко прифаќаат комплимент, без притоа да направат некоја иронична забелешка на истиот, што генерацијата зета го смета за непотребно.

Парите пред исполнетоста

Навистина парите се многу важен фактор во животот, но тоа не е причина да не се занимавате со професијата од своите соништа иако, на „прва“, не ветува збогатување. Така мислат припадниците на барем за сега, супериорната генерација. Наспроти нив, миленијалците се откажуваат од желбите за сметка на сигурноста.

Мемиња

Ги знаете нели, оние смешни сликички со коментари напишани преу нив со кои е преполн интернетот?! Е, мемињата миленијалците ги сметаат за онесвестувачки духовити и забавни, а „зеташиве“ едвај чекаат да го сменат овој одумирачки тренд.

Тесни фармерки

Значи, не треба да си роден во 21 век за да ти стане јасно дека ваквите „цигара“ – фармерки се ужас особено, кога ќе ги облече некој постар од 12 години! На генерацијата Z и е доста од овие пантолони и фокусот го враќаат на пошироките, поудобни и попристојни модели.

Големи наочари

Миленијалците им се смееја на своите родители за широките рамки на очила на своите родители,се додека и самите не почнаа да ги носат. Нивните наследници едноставно рекоа: „Што е многу, многу е! Ајт!“

Нацртани веѓи

Има една работа што им е заедничка и на миленијалците и на зета генерацијата: впечатливите, маркантни и подебели веѓи. Меѓутоа, додека првиве ги обожуваа т.н. јапонски веѓи (цртани), вториве си ги сакаат во рироден облик.

Машките пунџи

Ова се чини им е прво за отстрел на генерацијата Z: новите клинци им се враќаат на класичните фризури, но со често експериментирање во боењето на косата.

Органски производи

Значи, единствените кои први и гласно се побунија против перфидниот маркетиншки трик – „органско“, „здраво“, „без глутен“, „природно“… се Gen Z! (Тоа не значи дека се против поквалитетен начин на исхрана, но „Аманте, бе?!“)

Хипстерска храна

Храна која е претенциозна и финансиски преценета. Зета генерацијата дефиитивно ги испраќа во заборав сите оние опседнатости со авокадо, чудните замени за месо, уметнички изрезбарените тиквички, подлогата за пица од карфиол, розевите лимонади, суплементите, прехранбените бои…

Крафт пивото

Секако дека треба да се цени туѓиот труд и работа, но новиве млади убедени се дека цените се предимензионирани,амбалажите нападни, додадените вкусови невкусни… Зета генерацијата си сака старо добро, обично пиво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *