Сутерен.мк

Зошто готвачите носат онакви капи?

Повеќето мажи во секојдневниот живот не носат нит разнолика облека, нит висока мода. Доволни им се пантолони и кошула или, ако бара поводот, сако или костум со вратоврска.

Ама затоа пак, во кујната отсекогаш се носеле шизофрени капи!

 

Готвачите обично имаат грди, но наменски мрежи за коса или високи бели капи (за да не паѓаат влакна во јадењата, а на белото најмногу се забележува нечистотијата). Но, постои ли некое логично објаснување за обликот на високата бела капа?

Уште во Стариот Рим и Грција владеел обичај врвните готвачи за нивните достигнувања да бидат наградувани со посебни украси за главата. Во античкиот свет капите биле обрабувани со ловор и како такви, претставувале знак на голема чест.

Во Франција до 17-от век готвачите биле наградувани со капи чија боја зависела од нивниот ранг, додека пак, нивните помошници носеле обични капчиња.

Првобитните готвачки капи имале рамен врв. Со тек на време повисоките станале поомилени, но од единствена причина што овозможувале главата да „дише“.

На виенскиот готвач Антонин Карем тоа не му било доволно, па решил на капата да и додаде малку гламур: во неа ставил картонски цилиндар и така ја направил баш, естрадна! (Денес наместо цилиндар се користи штирак.)

Високата готвачка капа не е ништо попрактична од мрежата за коса, а ни многу поубава. Ама, луѓето едвај чекаат горделиво да носат било каков статусен симбол, па макар и да е тој смешен!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *