Сутерен.мк

Стакло

Фејсбук с(р)еќавања…

Таа не мислеше на летото, кое што следеше, туку на долгата зима, во која се што ќе сака е за неа да се грижи некоја попустлива, но сепак, супериорна сила, поглупава и попостојана од неа самата.
Меѓутоа, таа мразеше да биде трезна: тоа ја правеше премногу свесна за луѓето околу неа, за таа нивна атмосфера на борба, лакома амбициозност, надеж – попогана и од очајот, постојаното одење нагоре – надолу…

После првата чаша, таа ја вртеше главата од една на друга страна, како да одрекуваше некое тврдење, кое некој, некогаш го докажал. Не знаеше дека ова нејзино движење е постаро од самата историја, дека на стотици генерации луѓе им е неподносливо и постојана болка, кое има значење на одрекување, протест, збунетост, нешто подлабоко, помоќно од човековата природа, пред која тој ист бог, кога би постоел, би бил подеднакво немоќен.

Тоа е таа вистина всадена во срцето на трагедијата чија сила никогаш не ни може да се објасни – таа сила е недопирлива како воздухот, а поодредена од смртта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *