Многу подобро е да изберете прошетка како алтернатива на кафето, особено, ако ви е здодеан овој напиток или не го сакате баш нешто, а еве и зошто…
- Пешачењето не само што го решава проблемот со недостатокот на енергија туку е и ефикасен начин да го одржите и подобрите своето здравје, затоа што многу позитивно делува на расположението, кардиоваскуларниот систем, помнењето…
- Наместо да прегледувате што се случува по социјалните мрежи, читате мејлови или вести на мобилниот дури го пиете утринското кафе, излезете на куса прошетка. Утринското пешачење е своевидно ментално ресетирање.
- Кофеинот доколку се пие навечер, па и попладне го ремети сонот пто значи, ако претерате со кафето, следниот ден сте уморни и непродуктивни, Прошетката приквечер има сосема спротивен ефект.
- Многу кафе во текот на денот ќе ве направат раздразливи, нервозни, а може да имате и мачнина и несоница. Пешачењето нема несакани ефекти, а подобро од кафето го подобрува нивото на будност и фокус.