Сутерен.мк

Зошто жените изневеруваат?

Според неодамнешното истражување на универзитетот во Индијана, САД, 19 отсто од жените признале дека изневеруваат (23 проценти е кај мажите), но она што е интересно се причините за „излетите“ вон врската.

Според истражувањето спроведено во Британија, 57 проценти од жените изјавиле дека биле вљубени во своите љубовници, а само 27 отсто од мажите ги сакале „швалерките“. И, конечно, еве ги причините зошто една жена е неверна:

  • Не се чувствуваат доволно ценето. Иако ова е едно од најпознатите клишеа, точно е. Жена ќе стори речиси се, за да се почувствува почитувано и обожувано.
  • Сакаат повеќе интимност. Жените кои не добиваат внимание и љубов од своите партнери, ќе побараат на друго место. Не ја прекинуваат врската бидејќи и понатаму го сакаат сопатникот, но нема да седат ни беспомошно.
  • Здодевно им е. Дамите кои поминуваат многу време дома и се преокупирани со домашните обврски и грижата за децата, често мислат дека животот им е монотон и бесмислен. Така што, лесно ќе побараат возбуда во теретаната, кафулето, продавницата…
  • Пореметување на интимноста. Траумите од детството или сексуалното злоставување можат да доведат до проблеми кај возрасната личност, како што е сексуалната зависност или сериското изневерување. Тогаш, сексот се користи за исполнување на незадоволените емоционални потреби.

Се разбира, како и кај мажите, за многу жени причина за авантурата надвор од бракот или врската е само приликата што ја имаат. Сепак, најчестите причини се токму погоре наведените особено, недостатокот на искрена комуникација со партнерот и споделувањето на емоции, нежност и внимание. Ништо ново, би рекле. Па, ново е што за десет проценти е зголемена бројката на изневерени мажи во последниве две децении!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *