Сутерен.мк

Цела ЕУ (ќе) може да го тужи Фејсбук!

Било кој орган надлежен за заштита на податоците во сите земји на Европската унија може да поведе постапка поради кршење на правилата околу приватните податоци против Фејсбук, иако на компанијата седиштето и е во Ирска, изјави генералниот правобранител на Судот на правдата на Европската унија, Михаил Бобек.

Белгија во 2015 година го тужеше Фејсбук заради примена на „авторизираните колачиња“ на профилите на белгиските корисници. Меѓутоа, затоа што седиштето на оваа социјална мрежа е во Ирска, Фејсбук соопшти дека единствен надлежен орган што може да коментира таква жалба е само Ирска.

Генералниот правобранител го одби ваквото мислење. Неговите совети не се правно – обврзувачки за Судот на ЕУ, но во поголемиот број на случаи, тие се усвојуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *