Сутерен.мк

Зошто зборуваме во сон?

Зборувањето во сон научно се нарекува сомнилоквија и се смета за вид парасомнија, односно тип абнормално однесување што се јавува за време на спиењето. Генерално е безопасно, но може да биде знак за некои здравствени состојби.

Под стрес сте

Секој што некогаш се вртел в кревет може да потврди дека стресот е лош за сонот. Кога сонот ви е нарушен поради стрес, поголема е веројатноста да зборувате сон.

Имате посттрауматско стресно нарушување

Во некои случаи зборувањето во сон може да биде симптом на посттрауматско стресно нарушување. Тоа е нарушување на менталното здравје кое може да се развие, ако сте поминале низ трауматично искуство или настан. Едни од најчестите симптоми се кошмарите. За време на овие лоши соништа може да се будите и да зборувате додека спиете.

Сте пиеле алкохол пред спиење

Кога ќе ја поминете ноќта пиејќи алкохол, тоа може да влијае врз квалитетот на вашиот сон, а исто така може да предизвика да зборувате во сон. Иако алкохолот помага побрзо да заспиете, тој може да го наруши сонот подоцна во текот на ноќта. Студија од 2019 година покажа дека пиењето алкохол четири часа пред спиење доведува до нарушен сон.

Имате апнеа при спиење

Понекогаш зборувањето во сон може да биде знак за посериозен проблем со спиењето, како што е апнеа. Тоа е состојба во која накратко престанувате да дишете додека спиете поради опструкција на дишните патишта. Овие епизоди понекогаш може да ве разбудат. Колку е потешка вашата апнеа при спиење, толку е поголема веројатноста да се будите во текот на ноќта, што доведува до поголема шанса да зборувате во сон.

Имате друго нарушување

Многу други нарушувања поврзани со спиењето (на пример, парасомнија) може да предизвикаат зборување во сон. Во зависност од видот на нарушувањето, може да изгледа дека сте будни додека зборувате, да правите необични движења, да изразувате емоции или да правите необични работи.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *