Сутерен.мк

Зошто младоженецот ја пренесува невестата преку прагот?

Пред Нова година се случуваат многу предлози за брак, па ајде да ја „раскринкаме навиката“ зетот да ја пренесе снаата преку прагот на нивниот иден дом.

Всушност, кога ќе се во предвид цената на куќите и становите, веруваме дека би било попримерно агентот за недвижнини и двајцата младенци да ги пренесе преку куќниот праг!

Нејсе. Овој обичај влече корени уште од древните Римјани, кои верувале дека во куќните врати живеат духови. Стефани де Лис во книгата „Ризницата на американското суеверие“ напишала дека Римјаните верувале дека во куќниот праг живеат и добри и зли духови.

Освен тоа, верувале дека и во куќата не треба да се зачекори прво со левата нога, бидејќи тоа би значело победа на злото, туку со – десна! Така, добрите духови би зајакнале.

Зошто тогаш младенците фино – лепо не го пречекоруваат заедничкиот праг со десна нога?

Знаејќи дека жената понесена од чувствата може да биде многу немарна, младоженецот за секој случај, ја земал невестата в разце и ја пренесувал преку куќниот праг.

Што се нема човек да изнапрочита!?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *