Сутерен.мк

Зошто први април е светски ден на шегите?

Постојат многу дебати за тоа како светот почнал да го слави „празникот“ 1 Април или Денот на шегата.

Некои веруваат дека обичајот потекнува од средновековна Франција, каде што 25 март се славел како Нова година, а веселбите обично кулминирале на 1 април. Откако 1 јануари официјално бил усвоен како Нова година, оние кои продолжиле да ја слават на 1 април биле исмејувани и етикетирани како „априлски будали“.

Историчарите го поврзуваат празнувањето на 1 Април со пролетни фестивали, како што е средновековниот „Празник на будалите“, на кој се пародизирале христијанските ритуали. Исто така, во минатото била позната и Иларија, празниците кои се празнувале од почетокот на пролетната рамноденица во чест на Кибела, паганската „Мајка Земја“.

Свеченостите вклучувале игри и луѓе кои носеле маски и ги исмевале своите блиски. Тоа било можност за обичните луѓе да се маскираат и да се однесуваат како благородници без никакви последици.

Има и такви кои Денот на шегата го поврзуваат со индискиот фестивал Холи, кој исто така се слави во март. На тој „Фестивал на боите“, посветен на доаѓањето на пролетта и хинду богот Кришна, луѓето танцуваат по улиците и се посипуваат со прав во боја.

Како и да е, првата директна референца за Денот на шегата може да се најде во фламанската песна на Едуард де Дене од 1561 година, во која благородник го испраќа својот слуга да работи здодевни, бескорисни работи, давајќи му задачи кои немаат никаква смисла.
Во Франција, Белгија, Италија и областите во Швајцарија каде се зборува француски, првоаприлските шеги вклучуваат обесување хартиена риба на грбот на луѓето без тие да забележат. Кога трикот е успешно изведен, се извикува „априлска риба“.

Се претпоставува дека рибата во овој контекст е симбол на наивност, а цртежот прикачен на грбот е знак дека личноста лесно „уловлива“.

Интересно е што Денот на шегата во Англија се слави само до пладне, а секој што ќе се пошегува после тоа се смета за вистинска „првоаприлска будала“.

Многу позабавни се прославите на 1 април во Шкотска, кои траат два дена – првиот ден е обележан со шеги, а вториот со тоа што луѓето им закачуваат опашки на другите.

 

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *