Сутерен.мк

Зошто се будите анксиозни?

Физичките и менталните симптоми на анксиозност можат да се појават одеднаш. Така, се будите наутро со чувство на вознемиреност, што е сосема нормално, особено доколку се справувате со тежок период…

Сепак, доколку тоа ви се случува постојано, а не во одредени периоди, можеби се справувате со генерализирано анксиозно растројство.
Анксиозноста и нарушувањето на сонот се вообичаени симптоми на многу здравствени состојби, како повреди и хронична болка, срцеви заболувања и висок крвен притисок, рак, дијабетес, псоријаза, хормонски промени, менопауза.
Генерализираното анксиозно растројство може да доведе и до лош сон, но и будење со мисли на вознемиреност. Покрај тоа, може да предизвика и депресија и биполарно растројство. Доколку забележите зголемена анксиозност или проблеми со спиењето, задолжително консултирајте се со вашиот лекар или терапевт.

Само-помош
1. Поставете си сопствен распоред за спиење и обидете се да се придржувате до него. Спијте во тивка, ладна и темна соба.

2. Ограничете го кафето и алкохолот пред заспивање.

3. Вежбањето може да ви помогне полесно да се справите со анксиозноста. Преку вежбањето се ослободуваат ендорфини кои го намалуваат стресот и ви помагаат да се чувствувате подобро.

4. Опуштете се. Медитирајте, водете дневник и обидете се да се опуштите пред да заспиете. Тоа може да придонесе умот да ви биде полн со позитивни мисли кога ќе се разбудите.

5. Дишете. За да ја намалите анксиозноста наутро, направете ги едноставните вежби за дишење. Тие не само што ќе ве смират туку и целосно ќе ве опуштат.

6. Дозволете си 5-10 минути да размислувате за грижите, а потоа „запечатете“ ги овие мисли настрана без да се навраќате на нив.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *