Експертите препорачуваат јаткастите плодови да се јадат самостојно, а препорачаната дневна доза е 30 грама, односно една дланка. Количината можете да ја додадете во јогурт, свежо овошје, колаче…, а следниве три јатки се најдобрите за здравјето!
Ореви
Оревите се вистинскиот избор за сите коишто се занимаваат со спорт, па и рекреативно, бидејќи содржат антиоксиданси. Одлични се и за паметењето на работењето на мозокот, како и за одржување на линијата и дигестивниот систем.
Ф’стаци
Овие јатки го регулираат шеќерот во крвта, го поттикнуваат метаболизмот и ја покачуваат вредноста на липопротеините.
Бадеми
Најголемата придобивка од оваа намирница е јакнењето на коските, но и мускулите. Како извор на фосфор и магнезиум бадемот ја ублажува анксиозноста и раздразливоста, го подобрува спиењето.