Сутерен.мк

Како до добар прв впечаток?

Првиот впечаток е навистина битен и тој подоцна може многу да помогне или одмогне особено, ако станува збор за деловен состанок!

Психолозите велат дека луѓето се перципираат меѓусебно и на свесно и на потсвесно ниво и можно е првиот впечаток да се „изрежира“.

Па така, ако на првата средба нашите соговорници стекнат впечаток дека сме нељубезни, тие нема да мислат дека имаме само лоши манири, туку во својата глава ќе исконструираат визија и дека сме грди. Истото важи и во обратен случај: ако во друштвото покажеме срдечност и услужност, луѓето автоматски ќе бидат убедени и дека добро изгледаме, иако тоа не мора да биде вистина.

Нашата поствест значи е поприлично буквална.

Во еден експеримент на пример, откриено е дека кога ни е послужен топол напиток на гости, чувствуваме поголема топлина кон домаќинот.

Една група пак, на истражувачи открила дека луѓето поемотивно реагираат на тажни приказни, кога истовремено додека ги читаат, држат прст на шмиргла…

Повеќе на Psychology Today…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *