Bluestocking, Гугл го дефинира како навредлива дефиниција за интелекуалка или жена од литературните кругови. Создадено од Елизабет Монтегју и Елизабет Веси движењето имало цел да создадат образовни и социјални промени кои позитивно ќе се рефлектираат врз жените и секако ќе ставаат фокус на меѓусебна подршка и соработка меѓу следбеничките.
Меѓутоа, движењето оставило отворени врати и за мажите. Бенџамин Стилингфлит не можел да се облекува според бон-тон-от што салонската средина на времето го диктирала и доаѓал со излитени сини “хулахопки”. Движењето, така го добила циничниот прекар “блустокинг” (по логиката: Црвенката = Синохулахопка).
Fast forward триста години и во пост југословенска Македонија, каде што денеска на главни вести имавме репортажа за вапцање јајца на Велики четврток, верувам дека тешко е да се биде жена што е доследна на блустокинг вредностите: доста грл-генгови го имаат сфатено како „брани се што е женско, плукај по се што е машко“! Што пак, како и секоја гетоизирана субкултура, како и геј културата на која и припаѓам, како последица на тоа меѓусебно тапшање по рамо, регресира како водечка креативна сила и произведува политички коректно ѓубре на креативен план.
Ја сакале или не, Катерина Колозова е за мене аршин за академски успешна жена. Остра, тешка, на моменти кара луѓе како селска учителка, но е пред се, доблесна. Доследна. Има бек-ап на нејзиниот остар настап. Не е тип на интелектуалка во бунда ала Јулиа Кристева („Црно Сонце“ купено и чека да се прочита), на кој беа моделирани поприличен број од гламурозните екс – ЈУ професорки.
Помодерна е во пристапот. Исто така, не е ниту интелектуалка што специјализирала „клик-клак“ преживување. Објавувана е од големи светски куќи. И редовно, распнувана. Незгодна е. Ама не може човек да не ја цени! За мене лично, нашите жени секогаш биле порепрезентативни од нашите мажи. Тие биле Бонд девојки, мажите биле Борат. Секогаш биле попаметни. Секогаш биле подоблесни. Секогаш биле повредни.
Кога горенаведеново ќе се земе во предвид, се позачудувачки ми е фактот што се повеќе жени кои се сметаат себеси за академски авторитети, стануваат портпароли на една многу темна агенда која дијаметрално се коси со начинот на кои тие биле воспитувани – она што го продавале како имиџ во бивша Југославија.
Гоца Силјановска. Биби Ванковска. Првата имав несреќа да ја запознам во канцеларијата на еден пријател кој флертува со десницата бидејки е избезумен од тоа што светот (голема неправда инаку) му сврте грб. Се сеќавам на нејзината Pucci марама, на дрската самоувереност што доаѓа само од многу дебело банкарско конто или психијатриска дијагноза, но и на една таква лукавост и искалкулираност, што од тоа попладне, се уште морници ме лазат. Ванковска и нејзините токсични статуси полни со дезинформации. Неодговорното кеширање од пропагирање на ужасни планови.
Гласчето на Грчева качена на гајба. Лажната учтивост на Тамара Јованов, асистентка во Штип (LOL) и продавачка на криви балетанки додека пропагираат деца да не одат на училиште. Какво е ова лудило?!
Каква контра-услуга овие жени му прават на својот пол кој во Македонија и така и така е крајно маргинализиран?!
Исто така, пред неколку недели бев сведок на една на прв поглед комична, а всушност трагична дебата. Имено, книгата на Јулиа Кристева, „Црно Сонце“ има очајна корица. Корица изработена од жена. Корица толку фалена од другарки, кои ништо друго освен салонски феминизам, привилегија и наследени или лансирани работи не ги спојува.
Еден фин сликар од југот на Македонија се дрзна да го посочи фактот дека корицата, реално е – срање! Румена Бужаровска му го нарече коментарот дегутантен напад. Румена ја ценев. И бев на промоција на книгата во Белград, со колачи од Моска, во голд лабел капут на Вивиен Вествуд. Што би се рекло, направив чест. Иако става креон на долниот капак и не искачаше до пред пет години.
Истата таа која има монопол на се што е женски права, сексуално насилство, пич-прич (privilege preach, би било поточно)… Кога скопската легенда Коља Мраковски кажа 2-3 факти, излезе тешката артилерија. Македонска професорка по мода од Сингапур, без ден работно искуство во мода напиша еден средношколски осврт за тоа како и зошто треба да ни се допаѓа корицата! Таква претенциозна бљувотина одамна немав прочитано. На мојот осврт, истата ми кажа дека од академска точка (дипломец на УКИМ, 1900 и кусур на Шангајска, јас на UCL, на скромното 15-то место на глобално ниво) работите стоеле „овака и онака“?!
Никола со трпение на светец и објасни до танчина што значи несоодветна употреба на фонт, непознавање на техника на принт, немање основи на визуелна комуникација. Ова не беше битка на Марс и Венера! Ова беше битка на знаење без криење зад звањето академик и полова припадност и тотално незнаење.
Драги дами, мажите во Македонија се воглавном тромави, хомофобични, ксенофобични доста необразовани грутки! Но не сите.
Жените се обично поубави, побистри, попрактични, во денешно време и академски посилни! Но не сите.
И на голема жалост, во Македонија микрофонот е баш кај нив! Дали поентата на оваа колумна е моето женомрство? Бог да чува! Јас верувам дека жените освен во фрлање ѓуле и паралелно паркирање се посупериорни во секој поглед од мажите. Сакам само да кажам, дека во денешниот пост – феминизам, треба да се свртиме кон вистинските вредности. Не “Kinder, Kuche, Kirche” или “она да раѓа, он да брани”. Мислам на вредностите на образование, знаење, стручност, непристрасност, алтруизам, добрина.
Пис уста со големо срце и широка рака, секогаш ќе ценам повеќе од очигледен витриол скриен зад политичка коректност.
Плиткост што е маскирана во академска височина, политичка коректност од позиција на крајна привилегија, салонски маргинализирани движења без допир со реалноста? Фрлам во канта за отпадоци!
Затоа што треба да бидеме свесни кој е гласноговорникот во нашите демографски или социјални сегменти и што тоа зборува за нас!
Затоа драги дами, време е да ги превземете уздите и да не опраите! Само внимавајте кој зборува во ваше име. Како што јас не сакам Кочо или Уранија да зборуваат во мое.
И секако, среќен Велигден, ако сте решиле да фарбате јајца (ваш избор) и на цело Скопје му посакувам живот исполнет со бонбони од Chocol’art.
(Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)
*Ставовите изнесени во колумните се лични мислења на авторите и не го претставуваат нужно ставот на сајтот suteren.mk.