Не, не, нема само во македонијава „газди“ чија основна цел за отворање на фирма им е да ги убедат вработените дека „од уста одвојуваат“, за ним да им дадат т.н. плата. И после нормално, доделената цркавица да им ја извадат низ нос со прекувремена, празнична, па и домашна злоупотреба („однеси ми ги децата…“, „купи ми хулахопки…“, „тркни по бурек…“, „се селиме, дојди да помогнеш…“), додека им мафтаат од мерцедесот што нели, го купиле со „одвојување од устата“. Да, ама од устата на децата на вработените. Ги има, ги има, насекаде…