Сутерен.мк

Работничката плата е се уште „робовска“!

Илјадници работници учествуваа на протестот организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија, барајќи зголемување на платите за најмалку 2 806 денари, потпишување на Колективниот договор со Владата, враќање на правото на К-15 во јавниот сектор, постепено усогласување на платите со зголемувањето на минималната, поголем број работни места, сигурност, активно учество на синдикатите во националните политики и стратегии како и други барања.

Маршот започна пред ССМ, а демонстрантите првично застанаа пред Сојузот на стопански комори каде побараа работодавците да ги почитуваат работничките права и да ги зголемат платите во рамките на законот.
Работниците го продолжија маршот пред Владата каде ги обелоденија своите барања за кои ја обвинија власта дека долго време не ги прифаќа.

Вработените велат дека се незадоволни од условите за работа и од начинот на кој претпријатијата се однесуваат кон работниците.

Работниците и синдикатите велат дека нема да престанат да ги бараат своите права додека владата и работодавачите не го слушнат нивниот глас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *